Доцевска-Божиновска: Стразбур пресуди дека ми биле прекршени правата при постапката за одредување притвор за „27 април“

Прочитај за: < 1 минута

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека на Елена Доцевска-Божиновска, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Куманово, ѝ биле прекршени правата при постапката за одредување притвор во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Доцевска-Божиновска на социјалните мрежи објави дека во пресудата се наведени бројни повреди и прекршувања во текот на целата постапка за настанот од 27 април 2017 година. Таа во тој период беше вработена во Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието.Во Судот во Стразбур, Доцевска-Божиновска се жалеше дека судот и обвинителството ги одолговлекувале нејзините жалби за притворот.

Кумановката Доцевска-Божиновска беше една од 33-та обвинети за случувањата во Собранието на 27 април.

– Поминаа пет години … во претходната фаза од постапката, минатата година ми беше понудена спогодба. Ја одбив без размислување! Сакам правда, не пари, напиша Доцевска-Божиновска.