Додека гори крајбрежјето во Струга владата планира со плажите да менаџира државата

Прочитај за: < 1 минута

Владата подготви измени во регулативата со кои со плажите во иднина ќе управува државата. Ова станува јасно од новите измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање кои сега ќе треба да го поминат и собранискиот филтер.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вели дека оваа новина доаѓа како резултат на лошото менаџирање со плажите во минатото, но сепак ингеренциите над градежното земјиште ќе останат на општините.

„Предлогот до Собранието може да го поднесе Министерството за транспорт и врски преку Владата или пратениците. Тоа се прави заради подобро менаџирање со  плажите. Проценка на сите е дека тоа треба да го прави државата, а не општините“, кажа Сугарески.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE