Девојчињата се пронајдени здрави и живи

Прочитај за: < 1 минута

Девојчињата се пронајдени здрави и живи, Информираат блиски на семејството.

Семејството изразува благодарност на сите загрижени граѓани.

Ви благодариме на сите што бевте со нас во овие тешки денови, напиша на фејсбук близок на семејството.

 

 

По 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелиса се трагаше два дена. Засега не се познати повеќе детали за тоа каде биле во периодот додека се водеа како исчезнати. Од МВР за „Макфакс“ само ја потврдуваат информацијата.

 

Двете малолетнички за исчезнати беа пријавени на 30 март.

 

„На 30.03.2023 во Полициска станица Бит Пазар во 20.30 часот Е.А.(38) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка А.А.(12), а околу 22.00 часот Ѓ.О.(39) пријавил дека се оддалечила неговата ќерка М.К.(15). М.К. и претходно во повеќе наврати се оддалечувала од домот и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата“, претходно соопшти МВР.

 

Семејството на Аниса Ајро од Гази Баба, од утринава, организираше и самоиницијативно потрага и бараше да се вклиучат што повеќе граѓани. Таткото во очај кажа дека чекаат било каква информација. По два часа, девојчињата беа најдени од полицијата.