Даночните раеви се меѓу најголемите инвеститори кај нас

Прочитај за: < 1 минута

На листата на петте најголеми странски инвеститори во државава во минатата година се Велика Британија со инвестирани 113 милиони евра, Германија (38 милиони евра),  Турција (36 милиони евра), Бермудите (36 милиони евра) и Бахамите (31 милиони евра).

Забележително е што меѓу петте најголеми инвеститори се јавуваат и две егзотични земји познати како даночни раеви.

Од вкупните 624 милиони евра како инвестиции во државава, 404 милиони евра се директни инвестиции, а 220 милиони евра се нераспределена добивка односно реинвестирање на средства од странски компании кои работат во земјава.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE