Данела Арсовска потврди дека има двојно државјанство

Прочитај за: < 1 минута

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска потврди дека има двојно државјанство, но тврди дека нема бугарско државјанство.

Арсовска во гостување на Инфомакс одговори на прашањето дали има двојно државјанство откако на изборите 2021-ва, СДСМ покажа документи дека таа има бугарско државјанство со адреса во Петрич.

Јас имам и чешко државјанство, но тоа воопшто не е важно, рече таа по се почестите повторувања на информацијата за нејзино двојно македонско и бугарско државјанство.

Арсовска не објасни како го добила чешкото државјанство. Таа на почетокот на мандатот како градоначалник на Скопје се откажа од титулата почесен конзул на Унгарија, дипломатско звање кое и беше доделено од владата на Орбан и врачено од унгарскиот министер за надворешни работи Сијарто при отварање на почесниот конзулат.

Извор: Република.мк

Check Also

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е животот на уште еден млад пациент

Прочитај за: < 1 минута На Дејан Христовски – млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од …