
Како се дефинира Лажна држава? Да изложим критериумите:
- Нема суверенитетот како основен елемент на државноста, а не е формално протекторатот на друга држава (нема договорот за Протекција);
- Нема правната способност да се претставува со инхерентниот слободно избран идентитет, кои кај нашиот случај (со РСМ) пример не е ниту суверен идентитет, туку договорно регулиран со друга држава;
- Нема независна правна личност и нема капацитет со сопствениот легитмен правен идентитет да стапува во меѓународнотоправни релации и претставување;
- Има фундаментално дерогирана или деградирана правната личност, која не може самостојно и независно да врши меѓунардноправните работи или да се правно претставува во односите со другите меѓународноправни субјекти;
- Нема независно и самостојно дефинирана сопствената народна или национална популација (под државна јурисдикција), па така дефиниција на носителите на суверената власт зависи од другите меѓународни субјекти. (Националното или етничкото редефинирање на народот не е дозволено во меѓународното право).
Образложение за оценка околу лажниот карактер на држава со назив РСМ:
РСМ нема изворен инхерентен правен идентитет, бидејќи истиот е регулиран со меѓународен договор, во вид на идентитската спогодба со државата која не и признава националниот идентитет. Имајќи предвид дека државно-правниот идентитет, кој со договорот е редифиниран, претставува и основен елемент на правната личност, а преку ова и елементот на државноста, произлегува дека новосоздадениот правен идентитет е нелегитимен (односно без изворна инхерентната согласност дадена од народот, како суверен, или изворен властодржец) и дека имаме од овој фундаменталната деградација на правниот капацитет за националното и државното претставување. Имајки предвид дека државното претставување е основниот елемент на меѓународноправниот субјективитет на една држава и дека идентитетските договори се нелегални, и од овој факт таквите се сметаат за наметнати (и оттаму нелегитимни), произлегува дека оваа правна спосбност (претставување) не е независна и дека идентитетот е нелегален. Нелегалност на правниот идентитет произлиза од отсуството на инхерентниот идентитет и нелегитимниот вид на регулацијата со кој настанал нов идентитет, како наметнат.
Поради, наметнатиот идентитетски аспект, произлиза дека идентитетот на држава те. државноправен идентитет е лажен, што произлегува и од деградирана правна способност за независното дипломатското (или државно) претставување. Поради оваа последна околност државниот идентитет не може да биде легален, инајќи предвид дека легалниот идентитет не може и не смее да предизвика поседиците од типот на деградацијата или дерогирањето на основните правни капацитети на правната личност. Од фактот што правната личност е најосновен дел од државноста, претставување исто така се смета за основен дел од државноста.
Понатаму, имајќи од горе наведеното предвид дека правниот идентитет е нелегален и лажен, се заклучува дека државата е под регулирани околности принудена нелегално да се претставува. Нелегално или лажно претставување е спротивно на општите правни норми од меѓународен поредок, како и на императивните норми (природно право). Со лажното претствување државата е осакатена за основен дел од правната личност (дипломатското/државно независно претставување), а имајќи во предвид и дека губи основен елемент на суверенитетот (полна правна слобода да суверено и самостојно избере своето име односно идентитет), ваков очигледно несуверен субјект не може да се квалифицита како ДРАЖАВА. Понатаму, ваков несуверен субјект не е ниту протекторат (нема договорот за Протекција, според правилата на ООН), а како субјект остварува одредни меѓународни права, но под лажното име (лажното претставување). На овој начин несуверен субјект, кој лажно се претставува крши меѓународното право на своја штета и ремети меѓународен правен поредок. И понатаму, како субјект кој надвор и внатре во државата лажно се претставува, посебно на вантрешен план врши редефинирање на сопствениот националниот идентитет, спротивно на основните норми на меѓународното право.
Оттаму, може да се заклучи дека се работи за лажен меѓународноправен субјект (кој не дејствува посред правила и принципите на меѓунардоното право) со редефиниран национален идентитет.
(анализа на професорот Игор Јанев)