
Полициска екипа денес спасила 64-годишен маж од водите на реката Вардар, на вливот на реката Лепенец, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Околу 12:45 часот граѓани пријавиле дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, по што полициски тим веднаш интервенирал и лицето било спасено од водата.
Утврдено е дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош лицето е пренесено во ГОБ „8 Септември“.