Грчева: Ајде сега цела влада да се спакува и да ја снема!

Прочитај за: < 1 минута

Претседателката на „Глас за Македонија“  Солза Грчева со остра реакција на фејсбук им порача на премиерот Димитар Ковачевски и на целата влада да си ги „спакуваат куферите“ и да ги снема, поради сите дебакли, што ги доживува Македонија од нивната неспособност да ја водат како држава.

Грчева напиша: „Ајде сега целата Влада да се спакува и да ја нема!“

„Влада која има само ‘една опција’, притоа не гледајќи ги интересите на својот народ, не може и не смее да води држава.“

„Опцијата, за која сите со ронка ум,велеа дека е за нас ќорсокак!“

„А на Димитров од тинк-тенкот да му се забрани итно да дава глупави изјави.“

SHARE