Home Економија Градежништвото омилен сектор за перење пари, во Скопје има 70.000 празни станови

Градежништвото омилен сектор за перење пари, во Скопје има 70.000 празни станови

1033
0

Бројот на станови во градот пораснал за 30 отсто меѓу 2002 и 2021 година, а во истиот период, бројот на жители се зголемил за само 3%.

Иако има повеќе од доволно нови домови во Скопје, Белград, Нови Сад, Приштина, Тирана и во други големи градови на Балканот, продажбата и натаму оди лесно, а цените скокаат.

Бизнисот со недвижности генерално се смета за добро место за вложување, но во земјите каде што проверката на потеклото на парите е слаба, а корупцијата раширена, овој пазар е омилен кај поединци што сакаат да ги исперат парите стекнати со криминал.

Купувањето станови додека се во изградба има особено големи предности, кога станува збор за перењето пари. Често, потеклото на парите не мора да се открие, а купувачите може да платат на повеќе рати, во кеш, и да останат под прагот што наложува трансакциите да се извршат преку банкарскиот систем.