Горан Пандев со 400 натпревари во Серија А!

Прочитај за: < 1 минута

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев оваа седмица доби италијанско државјанство, а викендов се очекува да добие и „подарок“ од тренерот Чезаре Прандели – првотимски статус на следниот меч против Фросиноне. Македонецот влегуваше од клупата за резерви на последните средби, но се очекува викендов да се појави меѓу првите единаесетмина на Џенова, што воедно ќе претставува и негов јубилеен – меч број 400 во „Серија А“.

„Да бидам искрен, бев возбуден што добивам италијанско државјанство. Долги години сум во оваа земја, живеам со моето семејство и чувството беше прекрасно. Исто така, мило ми е што стигнувам до бројката од 400 натпревари во елитното италијанско фудбалско друштво“ – истакнува Пандев.

Џенова се наоѓа во серија од пет натпревари без пораз во Калчо-лигата.

- Следи Македонски Весник за повеќе содржини -

SHARE