Голем дел од Скопје утрово без струја

Прочитај за: < 1 минута

Утрово поголем дел од скопјани останаа без електрична енергија. Поради голем дефект на 110 киловатна станица, струја немаше во населбите Карпош, Ѓорче Петров, Сарај.

Од ЕВН за Телма појасниле дека екипите се веќе на терен за да го санираат дефектот.