Гелева за новата „губернаторка“: Ќе работела против корупција и странското влијание – оти американското не е странско влијание, нели, туку окупација

Прочитај за: < 1 минута

Политичкиот аналитичар Емилија Гелева го коментира изборот на Ангела Прајс Агелер за нов амбасадор на САД во Македонија која најави дека нејзини приоритети за време на мандатот ќе и бидат судските реформи и борбата против корупцијата, како и „градење отпор на малигни надворешни влијанија вклучително и од Русија и Кина“.

„Ај честито нова американска губернаторка на Северџистан! Ќе работела на развивање на национална платформа против корупцијата (она ќе развивала наша национална платформа??!!!) и за креирање отпор против странски влијанија како руско и кинеско (??!!), оти американското нели не е странско влијание туку окупација, а тоа ќе признаете е доблесно влијание.

Ни збор за нормални дипломатски амбасадосрски активности како развивање на економски, културни и други билтерални односи“, коментира Гелева на фејсбук.