Вучиќ се фали дека излегувал во скопска „Тропикана“, а Заев го гледа бледо

Прочитај за: < 1 минута

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама беа пречекани и прошетани од страна на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во текот на нивната прошетка, претседателот на Србија, Вучиќ се присети на времињата кога бил млад и кога доаѓал во Скопје. Пред медиумите тој изјави дека бил во „Тропикана“.

– Не паметам кога последен пат сум бил овде. Кога бев млад. Но, многу е сменето оттогаш. Супер е. Сега не се сеќавам, ама знам дека одев во некоја ‘Тропикана’. Сега немам поим ниту каде е, ниту би се снашол овде, рече Вучиќ.

Новинарката од телевизија Пинк по оваа изјава се сврте кон премиерот на Македонија, Зоран Заев очигледно надевајќи се дека тој ќе знае да и одговори на поставеното прашање, односно каде се наоѓа точно „Тропикана“.

Заев со смеење кажа дека нема поим каде е тоа „Тропикана“, алудирајќи дека тој е од Струмица, и дека не го знае добро главниот град на државата во која тој е премиер.

– Не знам каде е. Јас сум од Струмица и не го познавам баш многу добро Скопје. Ама не е во центарот на градот, сигурно, изјави Заев.

SHARE