Во црната листа на САД влегуваат и лица од Грција кои се против договорот од Преспа

Прочитај за: < 1 минута

Портпаролот на Стејт департментот, изјавил дека администрацијата на Бајден планира да ги прошири санкциите и кон лица од други држави, како и Грција бидејќи со самото тоа што е потписник на Преспанскиот договор, има обврски за негова имплементација.

Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се наоѓаат. Одлуките за додавање нови имиња на црна листа се „предмет на внимателен, дисциплиниран процес, и важи само во најсериозни случаи, рекол портпаролот на Стејт департментот. Тој објаснил дека со извршната наредба нема да бидат опфатени граѓаните кои се спротивставуваат на Договорот од Преспа на социјалните медиуми, бидејќи САД ги охрабрува граѓанските дебати на глобално ниво и нема намера да спречува приватни лица јавно да го искажуваат своето мислење.

Претседателот Џо Бајден, на почетокот на месецов донесе декрет за замрзнување имот и забрана за влез во САД на лицата кои претставуваат закана по безбедноста и мирот на секоја држава на Западен Балкан.

Санкциите ќе се однесуваат и на лица кои што попречуваат имплементација на Охридскиот и на Договорот од Преспа, а ќе опфаќа и лица директно или индиректно вклучени во корупција како и злоупотреба на јавни фондови.

SHARE