Внимавајте кога ќе одите во продавница – цените може да летнат во небо

Прочитај за: < 1 минута

Денес е последен ден од мерката за замрзнати цени на основните прехранбени производи, од утре се замрзнуваат трговските маржи.

Со новата мерка се ограничуваат трговската заработувачка во трговијата на големо да биде 5 отсто, додека во малопродажбата највисоката заработувачка на овие производи може да изнесува 10 отсто. Ова, според властите, ќе придонесе да не доаѓа до раст на цените. Мерката ќе важи до крајот на мај.

Сепак, промената на начинот на кои власта се обидува да ги контролира цените за време на инфлацискиот бран може да предизвика обид на маркетите да ги кренат цените.