ВМРО-ДПМНЕ: Ако се стави европско знаменце на Законот за амнестија, ја напуштаме работата на Собранието

Прочитај за: < 1 минута

Министерот за правда наместо нервозно да реагира треба наредниот пат прецизно да ги следи говорите и ставовите на претседателот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, велат од најголемата опозициска партија.

„Никаде не се тврди дека за законот за ослободување на вмешаните Монструм и други криминалци е веќе ставено европско знаменце. Но со оглед на тоа што и за многу други закони тоа е злоупотребено, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека ако тоа се стави на Законот за амнестија следи напуштање на работата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Поважно е министерот за правда да објасни каков договор има за ослободување на криминалци и која е цената за таквиот чекор на владата на Ковачевски“, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Check Also

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е животот на уште еден млад пациент

Прочитај за: < 1 минута На Дејан Христовски – млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од …