Вице Заев ќе гради станбен комплекс во Кавадарци. Јанчев му дал топ локации по цена за еден стан!

Прочитај за: 2 минути

Компанијата „ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ во која единствен сопственик е Вице Заев – брат на премиерот Зоран Заев – добила 3 градежни парцели на атрактивна локација во Кавадарци на која ќе гради комлекс на стамбени згради. Цената која Вице ја платил на државата за да го откупи земјиштето на оваа атрактивна локација е толку ниска, што може да се отплати само со продажба на еден стан!

Градежната експанзија на Заеви во Кавадарци уште еднаш го потврдува новото сојузништво помеѓу градоначалникот Јанчев од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот од СДСМ, Зоран Заев.

Кавадаречкиот градоначалник изјави дека ќе му помага на премиерот во борбата против опструкциите на уставните измени кои ќе ги прави лидерот на неговата партија, Христијан Мицкоски.

-Јас и Никола Тодоров ќе му помогнеме на премиерот Зоран Заев против опструкциите кои ги планира, Христијан Мицкоски, кои имаат за цел да ги саботираат уставните измени. – изјави Јанчев на 27 ноември.

Вице купил три парцели на ексклузивна локација по цена за еден продаден стан!

Стамбениот комплекс кој ќе го гради „ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ во Кавадарци, се наоѓа во близина на клиниката во градот, покрај обиколницата и реката „Луда Мара“.

Сите парцели се купени на 05.06.2018, на неколку месеци пред разрешувањето на Митко Јанчев од функцијата потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и официјалното обзнанување на “коалицијата“ Заев-Јанчев.

Компанијата на Заеви, парцелите ги купила на јавно надавање во општина Кавадарци, но симптоматично е тоа што на ова јавно наддавање не учествувала ниту една друга компанија, иако, во Кавадарци има десетици фирми кои биле заинтересирани за локацијата.

Како што неофицијално дознаваме, Јанчев и партнерите на Заев од Кавадарци, на другите компании им велеле да не учествуваат за да немаат проблеми, па така за 3 парцели за изградба на згради, Вице Заев платил само 44.000 евра.

Цената по која компанијата на Заеви го купила земјиштето е 1520 денари за еден метар квадратен. Вкупната површина на парцелите е 1784 метри квадратни, за нив на државата и се платени вкупно 2.711.680 денари (44.092 евра).

Ако се има предвид дека цената на становите во Кавадарци се движи од 600 до 750 евра за метар квадратен, излегува дека целата инвестиција во земјиштето на „ТОТАЛ ИНЖЕНЕРИНГ“ ќе му се врати само со еден продаден стан. За споредба, од градежните компании велат дека трошат до 30% од заработката од сите продадени станови, само за да го исплатат земјиштето.

Документите од катастар го потврдуваат „бомбона бизнисот“ на Заев и Јанчев

Сопствеништето врз сите три парцели, компанијата на Вице Заев веќе си го има внесено во катастар, со импотниот лист со број 18770.

Извор: Лидер.ком.мк