
Продолжуваат немирите во салата „Јасмин“ во Кавадарци. На почетокот причина за прекинот беа „Чкембари“ кои по влегувањето на „Комити“ во салата едноставн збеснаа, сакаа да влезат на терен.
Ситуацијата брзо беше смирена, но веднаш по завршување на првото полувреме на свена настапија „Комити“, со бакљи фрлаа на теренот во момент кога имаше и мали девојчиња кои требаше да изведуваат музичка точка. Сите се разбегаа, а навивачите на Вардар успеаја да запалат и неколку столчиња во салата.