„ВИЕ СТЕ СТОКА!“ Наставничка од скопско основно училиште грубо ги дисциплинира учениците

Прочитај за: < 1 минута

Наставничка од основно училиште со викање и навреди се обидувала да спречи ученици да излегуваат во ходникот и да одат во други училници, објави „А1он“.

На објавената снимка се гледа како наставничката со висок тон им се обраќа на учениците: „Одма да пренесете дома, значи вие сте стока. Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам во ходник. Срамота. Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“.

Снимката во скопското училиште е направена оваа недела, а родители реагирале на однесувањето на наставничката, пишува „А1он“.

Видеото погледнете го ТУКА

SHARE