ВИДЕО: Ужасни сцени при погребот на убиената палестинска новинарка – нејзините блиски одвај го држеа ковчегот под удари на израелските полицајци

Прочитај за: < 1 минута

Израелската полиција ги нападна насобраните Палестинци на погребот на новинарката Ширин Абу Аклех, која беше застрелана за време на протести во Западниот Брег.

Новинарката на Ал Џезира била убиена од израелски војник. Нејзиното потресено семејство, колегите и голем број граѓани се собраа вчера за погребот во Ерусалим. Но израелската полиција ја нападна погребната поворка. Во еден момент, поради интензивните судири, за малку ќе паднеше ковчегот со телото на Абу Аклех.