ВИДЕО: Македонија несреќно губи на полувремето, 1:0 за Португалија

Прочитај за: < 1 минута

Македонија се покажа како достоен противник на Португалија во првото полувреме од клучниот натпревар во Порто.

Португалците водат 1:0 благодарение на несреќен потег на Стефан Ристовски, кој во 32 минута несмасно упати долго подавање по средината на теренот, кое Португалците го пресекоа. Роналдо го пронајде Бруно Фернандеш кој лесно го совлада Димитриевски.

Португалците имаа уште неколку солидни шанси пред голот, но и Македонија беше опасна, од контри и од изградени напади. Во 20 минута, Алиоски го имаше едниот од неговите два опасни удари од волеј, кои беа вистинска закана за Португалците.

Португалија има повеќе од поседот, но далеку од тоа дека може да се опушти. Македонија несреќно губи и се покажа како креативен тим кој може да ја надомести разликата во второто полувреме.

SHARE