
Со масовното исселување од Македонија се намалува бројот на баратели на работа, што им дава можност на преостанатите работници да побараат повисоки плати. Со ова зачестуваат и коментари на социјалните мрежи од граѓани кои велат дека дале отказ затоа што не им се допаѓале условите на работа, и советуваат и други да бидат по-остри кон работодавците во преговарањето.
Еден ваков коментар, од твитерџијата ГоранМан, го содржеше следниот совет:
На ова одговори Блаже Аризанов, според кого, ваквото размислување „труе на комуњарство“.
ДНЕВНА ДОЗА КОМУЊАРА
.
.
.
Ја забележав објавата во коментари. Труе на комуњарство.
Во случајов е само направено замена за “државата” со “фирми стари 30 години.”
И во двата случаи комуњарот очекува да некој нешто стори за него, да се погрижи за него:
Или државата
Или фирмата стара 30 години
Комуњару – Не е фирмата ништо должна да преземе специјални чекори за да те задржи тебе на работа. Фирмата е здружување на неколку луѓе што решиле да го изложат својот капитал на ризик не со цел да ти угодат тебе.
Токму така. Освен ако не си knowledge-worker, и те како си заменлив.
Ако се што можеш да ми понудиш е твојата лојалност, и те како си заменлив.
А тоа е добро.
Тоа што карактеров пелтечи дека некој нешто доволно не направил за него е само директен одраз на неговата заменливост.
Ако е незаменлив нема да кења дека другата страна не прави доволно за него туку самиот ќе си замине. Значи иницијативата ќе потекне од него, не од другата страна. Штом кења значи дека е во слаба преговарачка позиција.
Карактерот очигледно живее во одмината доба. Се уште не разбрал дека трудот е највалканата форма на скалирање на вредност. Трудот кења, комуњари, станува топовско месо во синдикати.
Затоа претприемачот удвојува на останатите компоненти за скалирање на вредност – капитал, медиуми и софтвер (процеси, автоматизација) а се повеќе минимизира на труд. Со сè помалку труд го остварува истиот аутпут. А зошто да би толерирал комуњари во своите редови?
Се разбира дека ќе има не само комуњари туку и претприемачи што нема да се согласат со овој мој став. Овие претприемачи се осудени на неуспех.
Претприемачи што романтицизираат труд преку било какви блескави етикети меѓу кои и моникерот “човечки капитал” се претприемачи што нема да опстојат долго време.
Тек ќе бараат работници? Значи дека се бизниси што заслужува да ги згмече пазарната рака. Секоја фирма што нема да успее да аплицира скалабилност преку капитал, код и медиуми а наместо тоа постојано мора да се потпира на труд е фирма без иднина. Фирма што секоја година мора да се ценкари за 450 евра плата наместо 500 евра е фирма без иднина. Овие фирми би пропаднале со време и би биле приморани да аплицираат поефективни форми на скалирање на вредност, да не беа социјалистичките политики на државата. Државата поттикнува доминација на труд во нивните процеси а со тоа лоша алокација на ресурси.
Секако, кога велам труд мислам на комуњарлукот. Комуњарлукот е труд заболен од ментална заостанатост. Има и друга форма на труд – Основаштвото. Комуњарата за жал доминира. Основаштвото станува вешто во мобилизација на капитал и код и наскоро престанува да биде труд.
Комуњарството е заменливо. Основаштвото не е. Знам полно труд што практикува основаштво во фирмите каде што работи. Непроценливи се и незаменливи. Ниту фирмата има потреба да прави нешто специјално за нив, ниту пак тие самите е потребно да пројавуваат етичко-морален кодекс спрема фирмата во форма на лојалност. Едноставно двете страни се прилепени кон еден incentives систем со алгоритамска компонента, така што ниту една страна не мора да се потпира на моралноста на другата страна. Ниту едната страна не треба да прави нешто специјално за другата, ниту другата треба да биде лојална во однос на првата.
Трудот што во 21 век нема да биде основаштво значи по дефиниција станува комуњарлук и како таков треба да биде избегнат. Капиталистите ќе ги избегнуваат бидејќи знаат дека се невработливи. А се невработливи бидејќи нивната претстава за тоа што им следува е дефинирана од некакви трансдимензионални фантазии а не од реална прагматичност. Некомпетентни се во однос на новите форми на работа, а кењаат и ко ќе видат дека се игнорирани почнуваат да се политизираат поттикнати од нивните налудничави соништа дека демек експлоатирани биле. Не комуњару, не си експлоатиран туку си едноставно непотребен.