Близок роднина откри детали за криминалите на Али Ахмети

Прочитај за: < 1 минута

Внукот на Али Ахмети, Фатмир Лимани, го обвини својот моќен роднина за тежок криминал и ограбување на државата.

Лимани имаше релативно успешна кампања на локалните избори во Кичево – главната база на Ахмети – по што се приклучи на партијата БЕСА. Тој неодамна се сретна со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, што албанските медиуми блиски на ДУИ го искористија за да го нападнат.

Лимани им одговори со низа обвинувања насочени кон Ахмети, за корупцискиот скандал со лажен даночен поврат, за обидите да се направи нова лотарија под контрола на ДУИ и за очекуваниот договор со американски Бехтел за изградба на Коридорот 8.

НА СРЕДБАТА СО МИЦКОСКИ РАЗГОВОРЕМЕ:
️️🔸 За средбата на А.Ахмети и Мицкоски што се одржа во Собранието, но и молбите на Али за формирање предизборна коалиција..❗️
🔸️ За барањето на ДУИ, да добијат „ЛИЦЕНЦА“ за приватна ЛОТАРИЈА, за уште појако да се инсталира Коцкарскиот систем во државата..❗️
🔸️ За милионските пазарења на ЧЕТАТА, во врска со „КОРИДОРОТ 8“ ❗️
🔸️ За злоупотребите и рекетирањето направени од страна на функционерите кои ја водат УЈП .. ❗️
️ 🔸️За спас на државата од АРАМИСКАТА ЧЕТА на чело со Карадузен Али Бег.. ❗️
🔸️ Дури и за …. ️ ️Напиша на Фејсбук Лимани.

Проект за проширување на најфреквентниот пат во Чаир кој го вети и никогаш не го реализираше четата на Карадузенот… 😉
️◾️ * П.С.: На шпионот на Карадузенот да не му „останува на ум“ за што сме дискутирале, следниот пат е добредојден на масата затоа што јас секаде зборувам отворено.
13 мај 2022 година Тетово Ф.Б.Л. напиша Лимани.