
Овој парламентарен состав нема да ја почне процедурата за внес на Бугарите во Уставот. Нема енергија за тоа, освен ако се поделат пратениците на опозицијата, што не е мое да го проценувам или коментирам, е ставот на професорот и аналитичар Мерсел Биљали.
Тој за Слободен печат вели дека изборите ќе се случат во редовниот термин и новиот парламентарен состав ќе ја почне и брзо ќе ја заврши процедурата за измена на Преамбулата на Уставот.
– Ги слушнавме пораките од европските лидери дека тоа треба да се случи што е можно побрзо, но не сум уверен. Скринингот на законодавството нема да заврши за помалку од 18 месеци, а Втората меѓународна конференција со Брисел ќе се случи откако ќе заврши скринингот. Има време да се почекаат и следните избори, па да се почнат уставните измени. Ќе изгубиме неколку месеци во процесот, но тоа е – вели Биљали.