Бејли: Благодарам Северна Македонија, се гледаме!

Прочитај за: < 1 минута

Американскиот амбасадор, Џес Бејли си заминува. Тој на Твитер се заблагодари пишувајќи:
„Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.

Џес Бејли беше потврден како амбасадор на САД во Македонија, од страна на Сенатот, во декември 2014.

На негово место во земјава треба да го заземе Бејт Брнс, која досега беше во амбасадата на САД во Атина како заменик-амбасадор.

SHARE