Без одложување! – САД поддржуваат преговори со С Македонија и со Албанија за влез во ЕУ

Прочитај за: 2 минути

Се ангажираме на највисоки нивоа во Владата за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти, напиша на Твитер Нед Прајс, портпарол на американскиот Стејт департмент

САД поддржуваат отворање преговори за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, без одложување, нагласува портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

 

РТС, повикувајќи се на европски дипломатски извори, јави вчера дека Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на ЕУ следната недела во Брисел

Соединетите држави и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција“, се вели во нацртот на заедничката декларација, што, според РТС, може да се смени до средбата на Бајден со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на 15 јуни во Брисел.

Американскиот претседател пред неколку дена издаде нова извршна наредба за конфискација на имот и забрана за влез во САД на лица кои се закана за безбедноста на Западен Балкан. Со последната одлука на Бајден, се проширува опфатот на санкциите и врз оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор, објави /360stepeni.mk/.

SHARE