(Видео) Бајден се изгуби на сцената на ОН, го изнервира бразилскиот претседател: „Ме слушаш ли?!“

Прочитај за: < 1 минута

Американскиот претседател Џо Бајден залута од сцената на ОН без да се ракува со бразилскиот претседател Лула да Силва откако двајцата претседатели зборувале.

Лула бил видно иритиран по разговорот со американскиот претседател за напорите за подобрување на правата на работниците во двете земји, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, дипломатската средба уште на самиот почеток ја одбележале тешкотии затоа што Бајден, излегувајќи на сцената, најпрвин се забил во бразилското знаме, а на крајот, излегувајќи од сцената, заборавил да се ракува со својот колега.

Бајден, според медиумите, одржал малку некохерентен говор за „економска визија, според која економијата треба да се гради од средината надолу“, додека Лула гледал и слушал зачудено.

Додека претседателот на Бразил зборувал, Бајден се занимавал со слушалките преку кои го слушал преводот на говорот на Лула.

„Можете ли да ме слушнете, претседателе Бајден? Ова е историски момент за Бразил и за САД“, рекол Лула на почетокот на својот говор.

„Претседателе Бајден, дали ме слушаш?“, прашал повторно изнервиран Лула. „Дали ме слушаш? Добро, добро“.

По ова, на двајцата претседатели на сцената им се придружил и генералниот директор на Меѓународната организација на трудот, Гилберт Хонгбо, а кога завршиле презентациите, Бајден се ракувал само со него, а заборавил на бразилскиот претседател.

Лула замавнал со раката кон сите и се оддалечил од бината.

Check Also

ГОЛЕМ УСПЕХ НА ДОКТОР ЖАН МИТРЕВ: Успешно вградено вештачко срце, продолжен е животот на уште еден млад пациент

Прочитај за: < 1 минута На Дејан Христовски – млад пациент во 40-тите години му е продолжен животот откако од …