Бајден за основачот и лидер на ККК:  Ми беше пријател и ментор

Прочитај за: < 1 минута

Лидерот на Кју Клукс Клан Роберт Бирд е мој пријател и ментор – Џо Бајден на погребот на Бирд во 2010 година без никаков срам и одговорност признава дека е ученик на организаторот на озлогласеното расистичко движење – тајна организација основана по завршетокот на Граѓанската војна во САД, која има за цел предизвикување на расна и верска нетрпеливост.

Замислете што ќе му се случеше на Трамп, или на некој друг Републиканец, да признаеше јавно дека негов ментор бил лидерот на ККК? За Демократите тоа не само што не е пречка, туку човекот што јавно го призна тоа, денес ја води „најдемократската“ држава во светот.

Политичката кариера на Бирд траеше повеќе од шеесет години. Тој најпрво влезе во политичката арена организирајќи и водејќи локално поглавје на Кју Клукс Клан во 1940-тите, акција што подоцна ја опиша како „најголемата грешка што некогаш сум ја направил“.