По повод 117 години од смртта на македонскиот револуционер Ѓорѓи Сугарев, претставници на Единствена Македонија положија цвеќе на неговиот гроб во Параловскиот манастир.
На настанот присуствуваше и претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев кој истакна:
Браќа и сестри Македонци и Македонки
Денеска дојдовме во Паралово да оддадеме почит и да го одржуваме жив споменот на големиот македонски револуционер, војвода и учител Ѓорѓи Сугарев, кој херојски загинал на ова место со својата чета пред 117 години.
Убиствата на македонските револуционери во тоа време се како на филмска лента. Предадени од доушници на аскерот, влегуваат во нерамноправна битка со многубројниот турски аскер, на крајот остануваат без муниција и исправени пред изборот – дали да се предадат или да умрат, одлучуваат да се самоубијат.
Таква е судбината на Ѓорѓи Сугарев, кој со последниот куршум си го одзема животот да не падне жив во рацете на аскерот.
Ѓорѓи Сугарев е длабоко врежан во меморијата на македонскиот народ. Учесник на Смилевскот конгрес, во мај 1903 година кога се носи одлуката за кревање на Илинденското востание. Исто така, учесник во Илинденското востание, кој со својата чета три месеци се борел со турскиот аскер во околината на Битола и Битолско.
Исто така после Илинденското востание, кога голем број македонски револуционери со цел да се спасат емигрираат од Македонија, Ѓорѓи Сугарев и после Илинденското востание останува тука во Македонија и со своите чети дејствува во Битолско, Крушевско, Демирхисарско, Порече Прилепско, Азот Велешко, борејќи се со својата чета против грчката и српската пропаганда.
Ние во Единствена Македонија, порачувам, никогаш нема да ја заборавиме саможртвата на македонските херои, на македонските патриоти. Никогаш нема да ја предадеме крвта на голем број Македонци и Македонки кои ја пролеаја за нашата Македонија.
Да ни е вечна македонската држава!
Да ни е жив споменот на Ѓорѓи Сугарев!