Бачев: Евентуална навреда и омаловажување среде Скопје од македонските јаничари во Бугарија ќе биде сфатено и од мене и од секој еден од нас како недозволиво однесување

Прочитај за: < 1 минута

Синоќа двајца полицајци ми затропаа на врата со покана да појдам на разговор. Во полициските простории 8 овластени униформирано-цивилни лица од повеќе организациони единици и темата: одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев да помине како што доликува, во најдобар ред.

#Одлично!

Па и јас и Единствена Македонија сме за тоа, нема да одиме да се тепаме со полицијата која е наша македонска полиција без оглед што го имаат антимакедонскиот министер залутан во МВР, Оливер #Обиџуко Спасовски.

Ние од Единствена Македонија ќе бидеме таму со поширока делегација со претседатели на општински комитети на партијата да се #поклониме пред гробот на Гоце, кој е столбот на македонското револуционерно движење, нашиот идеал, нашата инспирација.

Таму ќе биде и полицијата која #мора да си ја заврши работата доколку најавените лица од Бугарија почнат со омаловажување и навреда на ликот и делотото на Гоце, Македонија и Македонците. Патем, бевме во Горна Џумаја на отворањето на Македонскиот клуб, се поклонивме пред споменикот на Димитар Благоев, спомен плочата на Гоце во Црквата, и се помина #достоинствено.

Затоа, евентуална навреда и омаловажување среде Скопје од македонските јаничари во Бугарија кои не издржале во историјата ќе биде сфатено и од мене и од секој еден од нас како #недозволиво однесување. Јасно и гласно – сосема разбирливо!

(фејсбук статус на Јанко Бачев)