Баталете станови – купете си крипто

Прочитај за: < 1 минута

Во Фејсбук статус, Блаже Аризанов советува дека, за луѓе кои имаат одредена сума пари и знаат како да располагаат со неа, инвестиција во крипто валути е многу подобра од вообичаениот план – да купите стан и да земате по неколку стотки во кирија.

ИМАШ 50,000 ЕВРА
.
.
.
И фаќаш традиционално. Купуваш со нив стан во Скопје. Го издаваш за 200 евра месечно. 2400 евра годишно.
~5% ROI
Без да додавам традиционални трошоци за одржување, итн.
Или…
Им правиш staking на крипто протокол. На регуларани (пример FDIC insured) exchanges и staking pools лесно можеш да добиеш барем 10% годишно.
На нерегулирани но audited уште повеќе. На Aubit, над 40%. На Anchor над 60%.
И тако далје…
Поентата ми е ако си способен да купиш стан за 50,000 евра без да притоа земеш кредит т.е. да го платиш во кеш, ти речиси гарантирано си високо-квалификуван дигитален работник.
Што значи можеш да живееш секаде.
Што значи дека си најверојатно поткован за помудри инвестициони пласмани.
Користи си го дарот паметно.
Остај недвижнини. Формулата – купувам стан, па го изнајмувам, е за аматери.
Штом си дошол до позиција да со кеш можеш да купиш стан од 50,000 евра, сигурно ти сече тиквата и за уште повеќе. Терај со истиот рецепт.
А ако сепак жеднееш за нешто passive income, реков погоре – крипто, советува Аризанов.

SHARE