Ахмети со ултиматум до Заев: Или ќе ги поддржиш кандидатите на ДУИ или одиме на предвремени парламентарни избори

Прочитај за: < 1 минута

Или поддршка од СДСМ за кандидатите на ДУИ во Тетово, Гостивар, Струга, Кичево, Чаир уште во првиот изборен круг или со локалните ќе има и предвремени парламентарни избори затоа што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе ја растури владината коалиција. Ова Ахмети ќе го стави на маса пред владиниот партнер Зоран Заев на средбата која треба да се одржи неделава, вели за Плусинфо висок функционер од ДУИ.

Заканата следи откако прво, помалиот влади партнер Беса, неофицијално излезе со ултиматум дека ќе ја напуштат Владата ако Заев уште во првиот изборен круг за тие општини го поддржи Ахмети и откако лидерот на СДСМ денеска најави дека сериозно е во игра во Тетово и уште неколку општини битни за Албанците, да номинираат свои кандидати за градоначалници.

Целиот текст ТУКА

SHARE