Арифи: Сите хистерици кои зборуваат за тоа дека Македонија мора да го заштити по секоја цена својот идентитет и да ги отфрли потпишаните меѓународни договори, шират само лицемерие

Прочитај за: 2 минути

„Тие што се сега хистерични околу сместувањето на Бугарите во Уставот и во 2001 година сееја страв дека уставните измени поврзани со Охридскиот договор ќе бидат конечниот и уништувачки удар за државата. Но, државата не беше уништена, туку почна разговори со ЕУ.“ – вели Беса Арифи, универзитетска професорка во Правниот факултет на Штуловиот универзитет во Тетово, во својата колумна со наслов „**** Македонија под скенирање“, која ја објави информативниот портал на албански јазик „Порталб“.

Арифи пишува: „Скринингот започна. Со тоа и официјално започнуваат првите чекори од преговорите за членство на **** Македонија во Европската Унија. Но, има и такви, кои не сакаат овој процес да се случи, па се занимаваат со тоа како да се вратиме таму каде што бевме пред три децении и да продолжиме да остануваме изолирани.“

„Токму трите договори од животна важност за оваа земја не доведоа до оваа фаза да можеме да преговараме за европската иднина. Охридскиот договор во 2001 година го промени изгледот на државата. Тој овозможи да се интегрираат сите етникуми и го создаде вистинскиот простор за обезбедување етничка, јазична и културна разновидност како основна европска вредност, која сега се вреднува како таква во започнатиот процес. Има многу скептици, кои сè уште гледаат со огорченост и непријателство на овој договор. Но, обезбедувањето на меѓуетничката внатрешна стабилност е главниот столб за градење сигурна иднина на една држава.“

„Вториот договор, склучен во 2017 година, кој е животно важен за евроинтегративниот процес, е Договорот за добрососедство со Бугарија. По многу подеми и падови поврзани со овој договор и по францускиот предлог, започна многу важен процес, кој ги обезбедува јазичниот и етничкиот идентитет на етничките Македонци. Тие идентитети долго време ги оспорува Бугарија, која до последен момент го држеше во заложништво почетокот на пристапните преговори со ЕУ за **** Македонија и Албанија.“

„Токму францускиот предлог, кој што предизвика толку многу расправа и неизвесност во земјата, овозможи да започне процесот на скрининг. Врз основа на тој предлог наскоро треба да почнеме да работиме на уставните измени за сместување на бугарскиот етникум во Уставот. Тие што се сега хистерични за Бугарите во 2001 година сееја страв дека уставните измени поврзани со Охридскиот договор ќе бидат конечниот и уништувачки удар за државата. Но, државата не беше уништена, туку почна разговори со ЕУ.“

„Третиот животно важен договор е Договорот од Преспа од 2018 година. По 27 години конфликт со Грција за името на државата, овој договор ни овозможи да се вратиме на патот на евроатлантските интеграции. Тој ни овозможи да станеме членка на НАТО и да дојдеме до денот на отворањето на разговорите за влез во ЕУ. Имаше и референдум поврзан со овој договор. Се создаде толку непријателство и поларизација кај населението, што уште еднаш дилемите беа ‘живот или смрт’, а сепак, еве ја државата, не згасна, туку се засили, сега кога безбедноста и е гарантирана од НАТО.“

„Да продолжевме да ги слушаме хистериците, немаше да ги видиме овие денови, туку ќе продолжевме да живееме изолирани, навредувани и понижени. Нив не треба да слушаме ниту сега кога почнаа овие важни процеси. Сите такви, кои зборуваат за тоа дека **** Македонија мора да го заштити по секоја цена својот идентитет и да ги отфрли потпишаните меѓународни договори, говорат од удопството на земјите од Западна Европа. Сите тие такви шират само лицемерие околу овие прашања.“