Аргировски: Со зголемувањето на пензиите за 120 денари не можеме да им купиме чоколадо на внуците

Прочитај за: < 1 минута

Зголемувањето на пензиите за 120 денари за време на пандемија е омаловажување за сите пензионери во земјава, реагира претседателот на Здружението на пензионери, Драги Аргировски.

Во изјава за Алфа тој вели дека со тие пари што ќе ги добијат не можат ни чоколадо да им купат на внучињата, а не, пак, како што додава, да остане некој денар за лекови или за храна.

– Со 120 денари не можеме да им купиме чоколадо на внуците, а што да речам за лековите кои во ова време ни се и повеќе од потребни. Трошоците за живот се зголемени за над 30 отсто и во услови на поскапување потребно е линеарно зголемување на пензиите од најмалку 1.000 денари, а не вакво замајување на пензионерите – вели Аргировски.

SHARE