
Расте нервозата кај граѓаните за тоа што најголем дел од сметките не може да ги скенираат преку апликативниот софтвер Мој ДДВ, инсталиран на мобилните телефони со Андроид оперативен систем. Од УЈП денес соопштија дека апликацијата е сега достапна само за корисниците на мобилни со Ејпл оперативен систем, додека корисниците со оперативен систем Андрои, кои се најбројни, апликацијата не е достапна.
Оваа информација УЈП ја сподели на нивната веб-страница.
Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер на скенирање на фискални сметки. Прилагодената верзија на Мој ДДВ е веќе достапна на Apple appstore, додека Android верзијата е достапна на Huawei app Gallery а за Playstore се очекува во најбрзо време одобрување од страна на Google.
Корисниците на апликацијата МојДДВ ќе треба првин да направат ажурирање (update) на апликацијата на apple Appstore/Huawei gallery, а потоа да се најават во апликацијата во делот „Профил„ во прозорчето „Тип на баркод скенер“ наместо, „основен“ повторно да одберат „напреден“.
Од УЈП уште се очекува одговор и на прашањето дали се подмирени трошоците за апликацијата. Интересен факт е што ако се обидете да скенирате сметка без да го промените „напредниот“ начин на скенирање, се појавува дека „лиценцата или баркодот се погрешни“.