
Лидерот на Левица Димитар Апасиев повторно му се обрати на министерот за правда Никола Тупанчевски од кого побара одговор дали ќе преземе нешто против силеџиите кои учествуваа во инцидентите на Мечкин Камен за време на прославата на Илинден.
„Министре и професоре ТУПАНЧЕВСКИ.
Не е во ред да ја пикате главата во песок и да не гледате она што сите го гледаат.
Должите одговори на јавноста – по кој закон, припадник на затворска полиција смее да легитимира учесник на јавен собир?
И дали ќе преземете нешто против овие битанги и силеџии, кои еве ви ги даваме со име и презиме?“, праша Апасиев.