
Омилената модна блогерка Александра Шијаковска ја растревожи македонската јавност откако најави дека боледува од тумор на мозокот кој ќе мора да се оперира.
Ми открија тумор на глаата. Ме чека операција која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу, изјави Шијаковска во видео кое го сподели на Инстаграм.
Додека под видеото се редеа изрази на поддршка, таа побара совети и препораки за неврохирурзи кои би можеле да ги разгледаат резултатите од испитувањето. „Ве замолувам за некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличеј случај да споделите, за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне“, додаде таа.