Административците ќе работат по 4 часа во петоците

Прочитај за: < 1 минута

Наместо 40 часа, администрацијата ќе работи по 36 часа во неделата или по 8 часа од понеделник до четврток и само 4 часа во петок.

Ова е предвидено во новиот закон за административни службеници, кој сега е во нацрт верзија, а објавен на ЕНЕР. Го подготви Министерството за информатичко општество и администрација, пишува порталот Фактор.

Во членот 55 од законот, кој се однесува на работното време, пишува: „Полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно 8 часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“.

Според актуелниот закон, администрацијата работа 40 работни часа неделно, секој ден од 7:30 или од 8:30 часот до 15:30 или до 16:30 часот.

SHARE