Не се тепавме, само се подбутнавме – Агнеса Органџиева се смирила со колешката и добила нови 4.000 следбеници на Инстаграм

Прочитај за: 3 минути

Животот на скопјанката Агнеса Органџиева, по само десет месеци повторно е на тапет. На почетокот на годинава тоа беа проблемите во бракот, со сега веќе бившиот сопруг, Роберт, а сега, пак, скандал на работното место. Како гром од ведро небо пред десетина дена одекна веста дека Агнеса и нејзина колешка наводно се степале на работно место. За тоа се наведуваа неколку причини, од тепачка за маж, преку кадење темјан во канцелари, па до женска љубомора.

-Тоа не беше толку драстично како што се зборуваше. Колешката тоа го направи во афект, во момент на слабост и нервоза. Тепачка немаше туку вербална комуникација и подбутнување. Сега сето тоа заврши, сега сме во добри односи, во петокот се смиривме.

А што беше вистинската причина, маж, темјан или сосема нешто друго?

-Не, не, не, нема врска тоа. Ние немаме никаков контакт со генералниот, како што се озборуваше,  сите си ја работиме својата работа. Нема врска и со темјанот. Тоа е колегијално меѓу нас, кое се собирало. Проблемот е разлика во годините и не сваќање на одредени работи. Разлика во размислувањето. Не се  надополнувавме и тоа се собираше со месеци. Нормално е на работа да се има конфликт со колешка. Но, навистина немаше тепање, само подбутнување.

А дали била причина женската љубомора, дека нон стоп си била дотерана, па и твојот начин на живот, како и заработувањето преку Инстаграм.. Со еден збор вистина ли е дека наводно ти љубомореле колешките?

-Па не би требало од нејзина страна да е така. Мислам дека од нејзина страна нема омраза кон мене, напротив дури ме поддржувала во тие работи. Немаат врска озборувањата. Напротив, сите  колешки ме почитуваат и го поддржуваат мојот стил на облекување, дури и многу пати се консултирале со мене за тоа што да облечат кога имаат некоја пригода. А љубомора нема. Тоа можеби кај младите колешки го предизвикувам, па можеби и од таму се пуштени муабетите. Но, лично со таа колешка не, жената не е таква.

А што се случува во твојот приватен живот, кој беше на тапет едно време? Се разведе ли од сопругот или можеби после се ќе се смирите?

-Се е во нормала. Јас и Роберт веќе сме разведени и сме во многу добри пријателски односи. Тој е предобар татко, се грижи за децата. Тие припаднаа на мене, на мајката, секако, но  тој кога ќе посака ги зема. Нема никаков проблем. Нема шанса за смирување, тоа е веќе решено.

Кога веќе си слободна жена, дали си заљубена, или можеби во врска?

-Не, не, не. Како и да е, јас пред неколку месеци се разведов и не ми треба нова обврска. Сега во моментов немам никој, сама сум и сум посветена на децата. Практикувам да не ги експонирам на социјалните мрежи, тие си имаат свој живот. Значи во моентов сум сама, но кога ќе се појави вистинкиот тука сум.

Ако разводот ти донесе многу следбеници на Инстаграм, тогаш колку ти донесе наводната тепачка?

-Во рок три дена добив 4.000 нови следбеници. Сега имам вкупно 47.700. Има заработка, добивам формално месечна сума од Инстаграм.

За што ги трошиш парите од Инстаграм?

-Во моментов ги собирам. Им ветив на децата нешто да им купам, па затоа ги собирам. Значи ги трошам за децата.

Ако парите од Инстаграм ги чуваш за децата,  ти стасува ли платата за гардероба, за шминка, посета на салони за убавина…?

-Шминка, гардероба, фризури и се друго ми е компензација што ги рекламирам. Месечно ме плаќаат и во тоа  имам кога сакам да одам да се фенирам и се друго. Со Инстаграмот јас многу штедам и имам соработка со фирмите.

SHARE